User manual
Овој уред е опремен со безбедносни додатоци, кои ќе спречат водата што
се користи во уредот да се врати назад во системот за вода за пиење.
Овој уред е во согласност со важечките одредби за водоводот.
Доводно црево со безбедносен вентил
По приклучување на доводното црево со двоен ѕид, безбедносниот
вентил се наоѓа веднаш до славината. Оттаму, доводното црево е под
притисок само кога водата тече. Ако доводното црево за тоа време почне
да протекува, безбедносниот вентил го прекинува течењето на водата.
Кога го монтирате доводното црево, внимавајте на следново:
• Електричниот кабел за безбедносниот вентил се наоѓа во доводното
црево со двоен ѕид. Не потопувајте ги доводното црево или
безбедносниот вентил во вода.
• Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетат,
веднаш извлечете го утикачот.
• Доводното црево со безбедносен вентил смее да го замнува само
стручно лице или некој од сервисната служба.
• Поставете го доводното црево така што никодаш не е повисоко од
долниот раб на безбедносниот вентил.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Предупредување! Опасен напон.
Поврзување на цревото за одвод на вода
Крајот на цревото за одвод може да се поврзе на следниве начини:
1. Во одвод за вода, со прицврстување од долната страна на работната
површина. Така се спречува отпадната вода од одводот да се враќа
во машината.
2. Во исправена цевка со дупка за вентилација со минимален внатрешен
пречник од 4 см.
Местење
57










