User manual
Трепкањето на точкестиот оптички сигнал на подот под вратата на
машината нема да се гледа доколку апаратот е наместен повисоко и е
ставена дополнителна дрвена врата.
Откако сте ги провериле горенаведените работи, вклучете го апаратот:
Програмата ќе продолжи од местото на прекинување.
Ако неправилното функционирање или шифрата за дефект повторно се
појави, контактирајте со сервисниот центар.
За други шифри за дефекти што не се опишани во горната табела,
контактирајте со својот локален сервисен центар, наведувајќи го моделот
(Mod.), бројот на производот (PNC) и серискиот број (S.N.).
Тие информации се наоѓаат на плочката што се наоѓа од страната на
вратата на машината за миење садови.
За да ги имате броевите секогаш при рака, препорачуваме да ги запишете
тука:
Mod. (Модел). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
PNC :. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
S.N. (Сериски број). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Миењето не е задоволително
Садовите не се чисти • Одбрана е погрешна програма за
миење.
• Садовите се распоредени на начин
што спречува водата да досегне до
сите делови на површината. Корпите
не смеат да се преполнуваат.
• Прскалките не се вртат слободно
поради неправилен распоред на
садовите.
• Филтрите на основата на преградата
за миење се нечисти или
неправилно поставени.
• Не е ставено доволно детергент.
• Кога има бигор на садовите; садот за
сол е празен или е поставено
неправилно ниво на омекнувачот на
вода.
• Цревото за испуштање вода не е
добро приклучено.
• Капачето на садот за сол не е
правилно затворено.
Садовите се мокри и матни • Не било употребено средство за
плакнење.
• Дозерот со средство за плакнење е
празен.
Има ленти, бели дамки или син слој на
чашите и садовите
• Намалете ја дозата на средството за
плакнење.
54
Што треба да се направи ако...










