User manual

Регулирање на дозирањето на средството за плакнење
Во зависност од добиените резултати на миењето и сушењето,
регулирајте ја дозата средство за плакнење со регулаторот со 6 положби
(положба 1 најмала доза, положба 6 најголема доза).
Дозата е фабрички поставена во положба 4.
Зголемете ја дозата ако има капки вода
или дамки од бигор на садовите по
миењето.
Намалете ја дозата ако има лепливи
белузлави ленти на садовите или синкав
слој на чашите или на остриците на
ножевите.
Секојдневно користење
Проверете дали треба да се дополни специјална сол или средство за
плакнење.
Ставете прибор за јадење и садови во машината.
Ставете детергент за миење садови.
Одберете програма за миење соодветна за приборот и садовите.
Почнете ја програмата за миење.
Полнење со прибор за јадење и садови
Во машината за миење садови не смеат да се мијат сунѓери, крпи или
предмети што впиваат вода.
Пред да ја наполните машината со садови, треба:
Да ги отстраните сите остатоци од храна и покрупни нечистотии.
Да ги омекнете остатоците изгорена храна во тавите
40
Секојдневно користење