User manual

4. За да го смените нивото, притиснете го копчето А . Со секое
притискање на копчето се менува и нивото (за одбирање ново ниво,
видете во табелата).
Примери: ако моменталното ниво е 5, со едно притискање на копчето
A се одбира ниво 6. ако моменталното ниво е 10, со едно притискање
на копчето A се одбира ниво 1.
5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење
садови со притискање на копчето вклучување/исклучување.
Користење сол за машини за миење садови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите други
видови сол што не се специјално направени за машини за миење садови,
особено солта за готвење, ќе го оштетат омекнувачот на вода. Ставајте
сол само пред да почнете некоја од целосните програми за миење. Така
ќе се спречи таложење на зрна сол или излеана солена вода на дното на
машината, што може да предизвика кородирање.
Полнење:
1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа и одвртете го капачето
на садот за сол вртејќи го налево.
2. Истурете 1 литар вода во садот (ова е неопходно само пред првото
полнење со сол) .
3. Со приложената инка, турајте сол
додека садот не се наполни.
4. Вратете го капачето проверувајќи
да нема сол на навоите или на
заптивката.
5. Навртете го капачето цврсто
вртејќи го надесно додека не
кликне и застане.
Не грижете се ако се прелева вода
додека ставате сол, тоа е нормално.
Индикаторската сијалица за сол, на контролната табла, може да
продолжи да свети за 2-6 часа по дополнување на солта, под
претпоставка дека машината за миење садови останува вклучена. Ако
користите сол на која и треба повеќе време да се раствори, ова може да
трае и подолго. Ова не влјае врз функцијата на машината.
38
Користење сол за машини за миење садови