User manual

= Звучните сигнали се исклучени
= Звучните сигнали се активни
4. За да ја смените поставката, притиснете го повторно функциското
копче C : дигиталното екранче ќе ја покаже новата поставка.
5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење
садови.
Прво користење
Пред да ја користите машината за миење садови првпат:
Проверете дали електричните и водоводните поврзувања се согласни
со упатствата за местење
Отстранете ги сите материјали за пакување од внатрешноста на
апаратот
Поставете го омекнувачот на вода
Истурете 1 литар вода во садот за сол, па наполнете го со сол за
машини за миење садови
Наполнете го дозерот со средство за плакнење
Доколку сакате да користите комбиниран детергент во таблети, како: "3
во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн... нагодете ја функцијата Multi-tab (види
Функција Multi-tab).
Поставување на омекнувачот на вода
Машината за миење садови е опремена со омекнувач на вода
конструиран да ги отстранува минералите и солите од водата што би
можеле да му наштетат или да имаат негативно влијание врз работењето
на апаратот.
Колку е поголема содржината на минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се мери со соодветни скали - германски
степени (°dH), француски степени (°TH) и mmol/l (милимол на литар -
меѓународна мерна единица за тврдоста на водата).
Омекнувачот треба да се регулира според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е
тврдоста на водата во вашето подрачје.
Омекнувачот на водата мора да се постави на двата начина: рачно, со
помош на бирачот на тврдостa на водата, и електронски.
Тврдост на водата Регулирање на
поставките за тврдост на
водата
Користење
сол
°dH °TH mmol/l рачно електронск
и
51 - 70 91 - 125 9,1 - 12,5 2 ниво 10 да
36
Прво користење