User manual

3. Измијте ги деловите од фиоката за
вода со раце. Користете вода и
сапун.
Не користете груби
сунѓери. Не ставајте ја
фиоката за вода во
машина за миење
садови.
Откако ќе ги исчистите деловите на
фиоката за вода, повторно склопете
ја.
1. Вметнете го чепот за вода.
Притиснете го во куќиштето на
фиоката.
2. Составете го капакот. Прво
вметнете го предното копче, а
потоа притиснете го кон куќиштето
на фиоката.
XAM
XAM
3. Вметнете ја фиоката за вода во
апаратот.
4. Притиснете ја фиоката за вода кон
рерната додека не се заклучи.
12.7 Систем за создавање
пареа - Отстранување На
Бигор
Кога работи генераторот на пареа, во
внатрешноста се нафаќа бигор поради
содржината на калциум во водата.
Ова може да има негативно влијание
врз квалитетот на пареата, врз
работењето на генераторот на пареа и
врз квалитетот на храната. За да го
спречите ова, исчистете го колото за
создавање пареа од нафатениот
бигор.
Извадете ги сите додатоци.
Изберете ја функцијата во менито:
Чистење. Корисничкиот интерфејс ќе
ве води низ процедурата.
Времетраењето на целата процедура
е околу 2 часа.
Светлото кај оваа функција е
исклучено.
1. Ставете ја скарата- / длабоката
тава за печење месо на најниската
позиција на решетката.
2. Ставете 250 ml средство за
чистење бигор во фиоката за вода.
3. Наполнете го преостанатиот дел
од фиоката за вода со вода до
максималното ниво.
4. Ставете ја фиоката за вода во
апаратот.
5. Активирај ја процедурата
Времетрањето на овој дел
е околу 1 час и 40 минути.
6. По завршувањето на првиот дел,
испразнете го плехот за скара /
печење месо и ставете го
повторно на првата позиција на
решетката.
7. Наполнете ја фиоката за вода со
свежа вода.
Потрудете се да не заостане
раствор за чистење во
внатрешноста на фиоката за вода.
8. Ставете ја фиоката за вода во
апаратот.
9. Активирајте го вториот дел од
процедурата за да го исплакнете
колото за создавање пареа.
Времетраењето на овој
дел е околу 35 минути.
Извадете го плехот за скара / печење
месо по завршување на процедурата.
Ако функцијата:
Отстранување На Бигор не
е изведена на правилен
начин, екранот ќе покаже
порака да ја повторите.
Ако апаратот е влажен, избришете го
со сува крпа. Оставете го апаратот
целосно да се исуши со отворена
врата.
МАКЕДОНСКИ 69