User manual
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
12.1 Забелешки за
чистењето
• Предниот дел на апаратот чистете
го со мека крпа натопена со топла
вода и средство за чистење.
• За чистење на металните површини
употребете специјално средство за
чистење за таа намена.
• За да го исчистите дното во случај
на остатоци од бигор, искористете
неколку капки на оцет.
• Чистете ја внатрешноста на
апаратот по секоја употреба.
Насобирањето на мрснотии или
други остатоци од храна може да
резултира со пожар. Ризикот е
поголем кај тавата со решетка.
• Тврдокорната нечистотија
исчистете ја со специјално
средство за чистење печки.
• Чистете го целиот прибор после
секоја употреба и оставете го да се
исуши. Користете мека крпа
натопена со топла вода и средство
за чистење.
• Ако имате нелеплив прибор, не
чистете го со агресивни средства
или остри предмети, ниту пак во
машина за миење садови. Тоа
може да предизвика оштетување на
нелепливиот слој.
12.2 Препорачани
производи за чистење
Немојте да користите груби сунѓери
или силни детергенти. Може да го
оштетат емајлот и деловите од
не’рѓосувачки челик.
Нашите производи може да ги купите
на www.aeg.com/shop и во најдобрите
продавници за малопродажба.
12.3 Вадење на држачите за
решетката
Пред кое и да е одржување,
проверете дали апаратот е изладен.
Постои опасност од изгореници.
За да го исчистите апартот, извадете
ги решетките.
1. Внимателно извлечете ги
држачите нагоре и надвор од
предното резе.
2
3
1
2. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
3. Извадете ги држачите од задното
резе.
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
12.4 Чистење Со Пареа
Рачно остранете колку што можете
повеќе нечистотија.
Извадете ги додатоците и држачите на
решетките за да ги исчистите
страничните ѕидови.
Функциите за чистење со пареа го
поддржуваат чистењето на
внатрешноста на апаратот со пареа.
За подобар учинок,
функцијата чистење треба
да ја вклучите кога
апаратот е ладен.
МАКЕДОНСКИ 67










