User manual

положба. Притискајте на предното
копче се додека фиоката за вода не
влезе во апаратот.
Испразнете ја фиоката за вода после
секоја употреба.
ВНИМАНИЕ!
Држете ја фиоката за вода
подалеку од водени
површини.
7.10 Готвење на пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Користете само ладна
вода од чешма. Не
користете филтрирана
(деминерализирана) или
дестилирана вода. Не
користете други течности.
Не ставајте запаливи или
алкохолни течности во
фиоката за вода.
1. Притиснете на капакот на фиоката
за вода за да ја отворите и да ја
извадите од апаратот.
2. Наполнете ја фиоката за вода со
ладна вода до максимум (околу
950 ml).
Употребете ја мерната скала од
фиоката за вода.
Водата е доволна за околу 50
минути.
3. Турнете ја фиоката за вода во
нејзината почетна положба.
Ако фиоката за вода е
влажна откако сте ја
наполниле со вода,
избришете ја со мека
крпа пред да ја вратите
во апаратот.
4. Активирајте го апаратот.
5. Подготвувајте ја храната во
соодветни садови за готвење.
6. Изберете ги функциите за греење
со пареа и температура.
7. Доколку е неопходно, поставете ја
функцијата Времетраење или
Постави завршно време.
Првата пареа се покажува по
околу 2 минути. Се огласува
звучен сигнал кога апаратот
приближно ја достигнал
поставената температура.
На крајот на времето за готвење се
огласува звучен сигнал.
8. Исклучете го апаратот.
9. Испразнете ја фиоката за вода
откако ќе заврши готвењето со
пареа.
ВНИМАНИЕ!
Апаратот станува
жежок. Постои
опасност од
изгореници.
Внимавајте кога ја
празните фиоката за
вода.
Кога снемува вода во
фиоката за вода, се
огласува звучен сигнал и
фиоката за вода треба да
се наполни повторно за да
се продолжи со готвењето
на пареа како што е
опишано погоре.
Оставете го апаратот
целосно да се исуши со
отворена врата.
За да го забрзате
сушењето можете да го
загреете апаратот со
жежок воздух на
температура од 150 °C за
околу 15 минути.
Пареата може да се кондензира на
дното од внатрешноста и може да се
намали видливоста во апаратот. Ако
ова се случи, исушете ја
внатрешноста кога апаратот е ладен.
На крај од секој циклус на
готвење, вентилаторот за
ладење на апаратот
работи со поголема брзина
за на најдобар можен
начин го исфрли вишокот
на пареа. Тоа е нормално.
7.11 Готв. во пластични
ќеси
Кога не испаруваат вкусовите и
влагата, храната целосно ја
задржува својата арома.
Мека текстура на месото и рибата.
www.aeg.com18