User manual

Совет за уредите со метален преден дел: Како резултат на
студената предна површина на уредот, по отворањето на вратата
за време на или кусо време по печењето или пржењето, може да
дојде до краткотрајно замаглување на внатрешното стакло на
вратата.
Упатство за монтажа
ВНИМАНИЕ
Монтажата и приклучувањето на новиот уред смее да го изведува
само овластено стручно лице. Ве молиме да се придржувате кон
овој совет, бидејќи инаку при оштетување немате право на
гаранција.
За да се избегнат опасности, оштетените приклучни кабли мора да
ги замени техничар од нашата служба за односи со корисниците
или овластено стручно лице.
Безбедносни совети за монтажерот
Во електричната инсталација постои додаток, што овозможува
одвојување на уредот од мрежата во сите полови, со ширина на
контактниот отвор од најмалку. 3mm.
Како погодни склопки важат на. пр. LS-склопки, осигурувачи
(осигурувачите што се навртуваат треба да се одвртат од
грлото), FI-склопки и контактори.
Приклучувањето преку приклучна кутија мора да се предвиди на
лице место, така што приклучната кутија е достапна и лежи
надвор од координативниот простор.
Заштита од струен удар мора да се обезбеди со инсталацијата.
Вградениот уред мора да одговара на барањата за стабилност
според DIN 68930.
72