User manual
Совет за акриламидот
Според најновите научни сознанија, интензивното печење на
прехранбените производи, особено кај производите кои содржат
нишесте, може да предизвика загрозување на здравјето поради
акриламид. Оттаму препорачуваме, да готвите на што е можно
пониски температури и премногу да не ги запечувате јадењата.
Микробранова
• Вклучувајте го уредот само кога во просторот за готвење има
јадења. Без јадења може да дојде до преоптоварување на
уредот.
• Употребувајте само садови што се погодни за микробранови
(види поглавје Примени, табели и совети : Соодветни садови и
материјал).
• За да го заштитите уредот од корозија во просторот за готвење
или на вратата од уредот, од водената пареа што излегува
(кондензациска вода), по секоја употреба темелно исушете го.
• Не оставајте го уредот без надгледување, кога загревате или
готвите прехранбени производи во садови за една употреба од
пластика, хартија или други запаливи материјали.
• При создавање на чад, држете го уредот затворен. Исклучете го
уредот и прекинете го снабдувањето со струја. Во никој случај
не употребувајте го уредот, доколку веќе не функционира
беспрекорно.
• При загревање на течности, во
садот секогаш ставајте кафено
лажиче или , за да спречите
исплискување. При
исплискувањето,
температурата на вриење се
постигнува без појава на
типичните меурчиња со гас.
Веќе и при помал потрес на садот, течноста може нагло и силно
да претече или да исплиска. Опасност од изгореници!
Совети за безбедност 7










