User manual

Безбедност на децата
Држете ги малите деца во принцип подалеку. Уверете се, дека
децата при игра нема да го вклучат уредот.
Загревањето на бебешка храна или шишиња се врши во принцип
без капак или затворач. По загревањето, добро промешајте или
протресете, за да може топлината рамномерно да се расподели.
Пред да му ја дадете на детето бебешката храна, задолжително
проверувајте ја температурата.
При работата на скарата (без оглед, дали во комбинација со
микробрановата) прозорецот станува жежок. Заради тоа, држете
ги малите деца во подалеку од вратата на уредот.
За време на работата на рерната, децата не смеат никогаш да
се оставаат без надгледување.
Уредот е опремен со обезбедување за деца.
Безбедност за време на работата
Овој уред смее да се употребува само за варење, печење тесто
и месо во домашни услови.
Внимавајте при приклучувањето на електрични уреди на
приклучници кои се во близината на овој уред. Приклучните
кабли не смеат да се приклештуваат под жешката врата од
рерната.
Внимание: Опасност од изгореници! Во текот на работата,
внатрешноста на рерната станува многу жешка.
Кога во рерната применувате алкохолни додатоци, може
евентуално да настане лесно запаллива мешавина на алкохоч и
воздух. Во тој случај, нмимателно отворајте ја вратата. Притоа
немојте да ракувате со жар, искри или оган.
Лицата (вклучувајќи ги тука и децата), кои врз основа на своите
физички, сензорски или душевни способности, или поради
своето неискуство или своето незнаење, не се во состојба
безбедно да го користат уредот, не треба да го користат уредот
без надгледување или упатство од одговорно лице.
6 Совети за безбедност