User manual

Ставете го замрзнатиот, распакуван прехранбен производ на
мала, превртена чинија, со поголем сад одоздола, или врз
решетка за одмрзнување, одн. пластична цедалка, за да може
да истекува течноста од одмрзнувањето.
По половина од времето за одмрзнување, превртете го
прехранбениот производ, по можност поделете го и одвојте ги
одмрзнатите делови.
Одмрзнување Одмрзнување путер, парчиња торта, урда
Не оставајте ги целосно да се одмрзнуваат во уредот, туку на
собна температура. Со тоа, резултатот е порамномерен. Пред
одмрзнување, отстранете ги евентуалните метални или
алуминиумски садови одн. -делови.
Одмрзнување на овошје, зеленчук
Овошјето и зеленчукот, кои понатаму треба сирови да се
обработуваат, е одмрзнувајте ги целосно во уредот, туку на
собна температура.
Овошјето и зеленчукот, кои понатаму треба да се варат, можат
да се готват на повисока микробранова моќност, без претходно
да се одмрзнати.
Готови јадења
Готовите јадења во метална амбалажа или во пластични садови
смеат да се одмрзнуваат или загреваат во микробрановата само
доколку изречно се означени како погодни за микробранови.
Задолжително придржувајте се кон советите на производителот,
втиснати на амбалажата (на. пр. отстранете го металниот капак
и продупчете ја пластичната фолија).
52 Табели за готвење