User manual
Режим на нагодување
Апаратот мора да биде во режим на поставување за следниве операции:
• за поставување програма за миење.
• за поставување на нивото на омекнувачот на вода.
• за дективирање/активирање на дозерот за средството за плакнење.
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот е во режим
на поставување кога:
– Се вклучуваат сите показни светла за програмите.
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот не е во
режим на поставување кога:
– се пали само едно програмско показно светло
– е поставена програма за миење. За да се вратите во режимот на
поставување, мора да ја откажете програмата. Видете во поглавјето
„Поставување и почнување програма за миење садови“.
Пред првата употреба
Почитувајте ги следниве упатства за секој чекор на постапките:
1. Проверете дали нивото на омекнувачот на вода е правилно за
тврдоста на водата во вашата област. Ако е неопходно, поставете го
омекнувачот на вода.
2. Наполнете го садот за сол со сол за машини за садови.
3. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.
4. Ставете прибор за јадење и садови во машината.
5. Поставете ја правилната програма за миење за видот садови и
извалканоста.
6. Наполнете го дозерот за детергент со правилно количество детергент.
7. Почнете ја програмата за миење.
Ако користите комбинирани детергентски таблети ("3 во 1", "4 во 1", "5 во
1" итн.), видете во поглавјето "Функција Multitab".
Нагодување на омекнувачот на водата
Омекнувачот на вода ги отстранува минералите и солите од водоводот.
Минералите и солите може да имаат лошо влијание врз работата на
уредот.
Тврдоста на водата се мери со еквивалентни скали:
• Германски степени (dH°).
• Француски степени (°TH).
• mmol/l (милимоли на литар - меѓународна единица за тврдост на
водата).
• Кларкови степени.
8
Пред првата употреба










