User manual

Показни светла
1)
Показното светло се пали кога треба
да се дополни садот за сол. Видете во
поглавјето ‘Користење на сол за
машина за миење садови’.
Показното светло за сол може да
остане вклучено неколку часа, но тоа
нема несакано влијание врз работата
на апаратот.
1)
Показното светло се пали кога треба
да се дополни средството за
плакнење. Видете во поглавјето
‘Користење на средство за плакнење’.
1) Показното светло не свети додека програмата за миење е во тек.
Копчиња за одбирање програми
Со овие копчиња може да одбирате програми за миење. Притиснете
програмско копче и соодветното показно светло се пали. Видете во
поглавјето "Програми за миење садови" за повеќе податоци за
програмите.
Копче Multitab
Притиснете го копчето за да ја активирате/деактивирате функцијата
Multitab. Видете во поглавјето "Функција Multitab".
Копче за одложен старт
Користете го ова копче за одложување на стартувањето на програма за
миење помеѓу 1 и 19 часа. Погледнете "Бирање и стартување програма
за миење".
Дигитално екранче
Екранчето ги покажува:
Поставеното ниво на омекнувачот на вода.
Преостанатото време до крајот на програмата.
Активирањето/деактивирањето на дозерот за средство за плакнење
(само кога е вклучена функцијата Multitab).
Завршување програма за миење. Екранчето покажува нула.
Бројот на часови за одложено почнување.
Шифрите за дефекти.
Функциски копчиња
Поставете го копчето за функција на:
нагодување на омекнувачот на вода (погледнете "Нагодување на
омекнувачот на водата"),
откажете ја програмата за перење што е во тек или нагодениот одложен
старт (погледнете "Бирање и стартување програма за перење").
Контролна табла
7