User manual
опасност! Придржувајте се кон безбедносните упатства на
производителот на детергентот за машина за миење садови.
• Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во уредот може да
има остатоци од детергент.
• Уверете се дека вратата од уредот е секогаш затворена кога не се
користи. Со тоа ќе спречите повреда и сопнување преку отворената
врата.
• Немојте да седите или стоите на вратата.
Безбедност на децата
• Со овој уред смеат да ракуваат само возрасни. Децата мора да се
надгледуваат за да бидете сигурни дека нема да играат со уредот.
• Држете ја сета амбалажа подалеку од децата. Постои ризик од
задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте им на
децата да го допираат детергентот.
• Држете ги децата подалеку од уредот кога вратата е отворена.
Местење
• Уверете се дека уредот не е оштетен во текот на транспортот. Никогаш
не поврзувајте оштетен уред. По потреба побарајте го добавувачот.
• Отстранете ја сета амбалажа пред првата употреба.
• Инсталирањето на електриката и на водоводот мора да го изведува
квалификувано икомпетентно лице.
• Не обидувајте се да ги менувате спецификациите или да го
модификувате овој производ на кој било начин. Тоа може да
предизвика повреда.
• Не менувајте ги спецификациите и не вршете измени на производот.
Опасност од повреди или оштетување на апаратот.
• Не користете го апаратот:
– ако кабелот за напојување или цревата за вода се оштетени,
– ако контролната табла, работната површина или подножјето се
оштетени така што има пристап до внатрешноста на апаратот.
Јавете се на локалниот сервисен центар.
• Не дупчете ги страниците на апаратот за да не се оштетат
хидрауличните и електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При поврзување на струјата и на водата, внимателно следете ги
упатствата наведени во соодветните поглавја.
4
Безбедносни информации










