User manual

Доводното црево со безбедносен вентил може да го заменува само
сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасен напон
Одводно црево
1. Поврзете го одводното црево со одвод за вода под лавабо и закачете
го под работната површина. Тоа ќе спречи влегување на отпадната
вода од лавабото во апаратот.
2. Поврзете го одводното црево со исправена цевка со дупка за
вентилација (минимален внатрешен пречник од 4 см).
Внимавајте одводното црево да не е
свиткано или смачкано, инаку водата
нема да се испушта правилно.
Извадете го приклучникот на лавабото
кога апаратот испушта вода за да
спречите враќање на водата во
апаратот.
Продолжетокот на одводното црево не
смее да биде подолг од 2 м.
Внатрешниот пречник не смее да биде
помал од пречникот на цревото.
Ако го поврзувате одводното црево со
одвод за вода под лавабо, извадете ја
пластичната мембрана (А). Ако не ја
извадите мембраната, преостанатата
храна може да го блокира приклучникот
на одводното црево.
Апаратот има безбедносна функција за
да се спречи враќање на валканата вода
во апаратот. Ако приклучникот на
лавабото има неповратен вентил, тој
може да предизвика неправилно испуштање вода на апаратот. Извадете
го неповратниот вентил.
max 85 cm
min 40 cm
max 400 cm
28
Поврзување на водата