User manual
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот пред да ги вршите долу предложените постапки за
решавање на проблемите.
Шифри за дефекти и
неправилно функционирање
Можни причини и решение
• дигиталното екранче
покажува
Машината за миење садови
не се полни со вода
• Славината е блокирана или затната од бигор.
Исчистете ја славината.
• Славината за вода е затворена.
Отворете ја славината.
• Филтерот во доводното црево е затнат.
Исчистете го филтерот.
• Поврзувањето на доводното црево е
неправилно. Цревото може да е извиткано или
смачкано.
Проверете дали поврзувањето е правилно.
• дигиталното екранче
покажува
Машината за миење садови
не испушта вода
• Одводот за вода е затнат.
Исчистете го одводот за вода.
• Поврзувањето на одводното црево е
неправилно. Цревото може да е извиткано или
смачкано.
Проверете дали поврзувањето е правилно.
• дигиталното екранче
покажува
Се вклучил уредот за
заштита од поплавување
• Затворете ја славината и јавете се на
локалниот сервисен центар.
Програмата не почнува • Вратата на апаратот не е затворена.
Затворете ја вратата.
• Приклучникот за струја не е во штекер.
Ставете го во штекер.
• Изгорел осигурувач на таблата.
Заменете го осигурувачот.
• Поставено е одложено почнување.
Откажете го одложеното почнување за да
почне програмата веднаш.
По проверката, вклучете го апаратот. Програмата почнува од точката на
прекинот. Ако дефектот се појави повторно, јавете се на сервисниот
центар.
Ако на екранчето се прикаже шифра за дефекти што не е опишана во
табелата, јавете се на сервисниот центар.
Овие податоци се неопходни за да добиете брза и правилна помош:
• Модел (Mod.)
• Број на производот (PNC)
• Сериски број (S.N.)
За овие податоци, видете на плочката со спецификации.
24
Што да сторите ако...










