User manual

7. Извадете го рамниот филтер од
дното на апаратот.
8. Измијте ги сите филтри под млаз
вода.
9. Вратете го рамниот филтер во
дното на апаратот. Правилно
вметнете го рамниот филтер
под двете водилки (С).
10. Ставете го грубиот Филтер (А)
во микрофилтерот (В) и спојте ги
со притискање.
11. Ставете го системот за
филтрирање на место.
12. За да го заклучите системот за
филтрирање, завртете ја
рачката на микрофилтерот (В)
за околу 1/4 надесно додека не
се закочи.
13. Монтирајте ја долната корпа.
14. Затворете ја вратата.
Не вадете ги прскалките.
Доколку дупките на прскалките се
затнат, исчистете ја нечистотијата
со чепкалка за заби.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла
со влажна мека крпа. Користете само неутрални детергенти. Не
употребувајте абразивни производи, жица за стружење или растворувач
(ацетон, трихлоретилен итн....).
Спречување замрзнување
ВНИМАНИЕ
Не инсталирајте го уредот онаму, каде што температурата е под 0 °C.
Производителот не е одговорен за оштетувања од замрзнување.
Ако тоа не е можно, испразнете го уредот и затворете ја вратата.
Откачете го доводното црево и испразнете го.
Што да сторите ако...
Апаратот не почнува или прекинува да работи.
Ако има дефект, првин обидете се сами да најдете решение за
проблемот. Ако не можете сами да најдете решение за проблемот, јавете
се на сервисниот центар.
Што да сторите ако...
23