User manual
Одбирање и почнување програма за миење
Поставете ја програмата за миење со подотворена врата. Поставената
програма почнува само откако ќе ја затворите вратата. Дотогаш може да
се менуваат поставките.
Направете го следново за да поставите и почнете програма за миење
садови.
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.
3. Притиснете едно од програмските копчиња. Видете во поглавјето
"Програми за миење садови".
– Се пали показното светло на програмата.
– Сите други програмски показни светла се гасат.
– Дигиталното екранче го прикажува траењето на програмата со
трепкање.
– Показното светло за фазата на програмата за миење почнува да
трепка.
4. Затворете ја вратата.
– Програмата почнува автоматски.
– Показното светло за фазата на програмата за миење свети.
Кога работи програма за миење садови, не може да ја смените. Откажете
ја програмата за миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прекинете или откажете програма за миење само ако е неопходно.
ВНИМАНИЕ
Отворајте ја вратата внимателно. Може да избие жешка пареа.
Откажување програма за миење садови
1. Држете ги притиснати функциските копчиња B и C додека не се
запалат сите програмски светла.
2. Отпуштете ги функциските копчиња B и C за да ја откажете програмата
за миење.
Сега може да го направите следново:
1. Исклучете го апаратот.
2. Поставете нова програма за миење садови.
Наполнете го дозерот за детергент пред да поставите нова програма за
миење.
Прекинување програма за миење
Отворете ја вратата.
• Програмата запира.
Затворете ја вратата.
• Програмата продолжува од точката, каде што била прекината.
20
Одбирање и почнување програма за миење










