FAVORIT AAAUTO Упатство за ракување Машина за миење садови
Содржина Ви благодариме што одбравте еден од нашите висококвалитетни производи. За да обезбедите оптимална и редовна работа на Вашиот апарат, внимателно прочитајте го ова упатство. Тоа ќе Ви овозможи да се движите низ сите процеси совршено и најефикасно. За да се консултирате со упатството секогаш кога Ви треба, препорачуваме да го чувате на сигурно место. И, Ве молиме, предајте го и на евентуалните идни сопственици на апаратот. Ви пожелуваме големо задоволство со Вашиот нов апарат.
Безбедносни информации Доводно црево Одводно црево Поврзување на струјата 27 28 29 Еколошки прашања 3 29 Можноста за промени е задржана Упатства за ракување Безбедносни информации Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа. Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или продавате.
Безбедносни информации опасност! Придржувајте се кон безбедносните упатства на производителот на детергентот за машина за миење садови. • Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во уредот може да има остатоци од детергент. • Уверете се дека вратата од уредот е секогаш затворена кога не се користи. Со тоа ќе спречите повреда и сопнување преку отворената врата. • Немојте да седите или стоите на вратата. Безбедност на децата • Со овој уред смеат да ракуваат само возрасни.
Опис на производот Опис на производот 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Горна корпа Тркалце за тврдост на водата Сад за сол Дозер за детергент Дозер за средство за плакнење Плочка со спецификации Филтри Долна прскалка Горна прскалка Работна површина 5
Контролна табла Контролна табла 1 2 3 4 5 6 7 Копчиња за одбирање програми Копче за мулти-таблети (3 in 1) Показни светла Копче вклучување/исклучување Дигитален екран Копче за одложен старт Функциски копчиња Показни светла Показното светло се вклучува кога е во тек фазата на миење или фазата на плакнење. Показното светло се пали кога е во тек фазата на сушење. Показното светло се пали кога ќе заврши програмата за миење.
Контролна табла 7 Показни светла 1) 1) Показното светло се пали кога треба да се дополни садот за сол. Видете во поглавјето ‘Користење на сол за машина за миење садови’. Показното светло за сол може да остане вклучено неколку часа, но тоа нема несакано влијание врз работата на апаратот. Показното светло се пали кога треба да се дополни средството за плакнење. Видете во поглавјето ‘Користење на средство за плакнење’. 1) Показното светло не свети додека програмата за миење е во тек.
Пред првата употреба Режим на нагодување Апаратот мора да биде во режим на поставување за следниве операции: • за поставување програма за миење. • за поставување на нивото на омекнувачот на вода. • за дективирање/активирање на дозерот за средството за плакнење. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот е во режим на поставување кога: – Се вклучуваат сите показни светла за програмите. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
Нагодување на омекнувачот на водата 9 Дознајте ја тврдоста на водата во вашето подрачје и прилагодете го омекнувачот на водата. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е тврдоста на водата во вашето подрачје.
Користење на сол за машина за миење садови – Показните светла за функциските копчиња B и C се гасат. – Показното светло за функциското копче A продолжува да трепка. – Дигиталното екранче го покажува моменталното ниво. = ниво 5. Пример: дигиталното екранче покажува 6. Притиснете го функциското копче А еднаш за да го зголемите нивото на омекнувачот на вода за еден чекор. 7. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја меморирате поставката.
Користење на средство за плакнење 11 Средството за плакнење овозможува сушење на садовите без ленти и дамки. Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното плакнење. Направете го следново за да го наполните дозерот за средство за плакнење: 1. Притиснете го копчето за ослободување (A) за да го отворите дозерот за средство за плакнење. 2. Наполнете го дозерот со средство за плакнење. Ознаката "max." го покажува максималното ниво. 3.
Полнење прибор за јадење и садови Свртете го тркалцето за средство за плакнење за да ја зголемите или намалите дозата. – Зголемете ја дозата ако има капки вода или бигор на садовите. – Намалете ја дозата ако има ленти, белузлави дамки или синкави слоеви на садовите. Полнење прибор за јадење и садови Совети и препораки ВНИМАНИЕ Користете го апаратот само за прибор за домаќинство што може да се мие во машина. Не користете го апаратот за перење предмети што впиваат вода (сунѓери, крпи и сл.).
Полнење прибор за јадење и садови 13 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш затворајте ја вратата откако ќе го наполните или испразните апаратот. Отворена врата може да биде опасна. Долна корпа Ставајте ги тенџерињата, капаците, чиниите, длабоките чинии и приборот за јадење во долната корпа. Ставете ги поголемите садовите и капаци околу рабовите на корпата. Редот од шилци во долната корпа може да се спушти за да се ставаат тенџериња, тави и длабоки чинии.
Полнење прибор за јадење и садови Корпа за прибор за јадење ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не ставајте ги ножевите со долги острици во исправена положба. Долгиот и остар прибор поставете го легнат во горната корпа. Внимавајте со острите предмети. Ставајте ги виљушките и лажиците со рачките надолу. Ставајте ги ножевите со рачките нагоре. Мешајте ги лажиците со друг прибор за да не се залепат една за друга. Користете ја мрежата за прибор за јадење.
Полнење прибор за јадење и садови 15 Горна корпа Горната корпа е наменета за чинии (со пречник од максимум 24 cm), садови за салата, шолји и чаши, тенџериња и капаци. Поставете ги предметите, така што водата да допира до сите површини. Избегнувајте да ставате чинии во првите три прегради на предниот дел од корпата. Погрижете се чиниите да бидат навалени нанапред. Ставајте ги чашите со долги ногарки на држачите за шолји, со ногарките нагоре.
Користење на детергент 1. Извлечете ги предните запирачи (А). 2. Извлечете ја корпата. 3. Ставете ја корпата во повисоката положба. 4. Вратете ги предните граничници (А) во почетната положба. ВНИМАНИЕ Кога корпата е во горната положба, не ставајте шолји на држачите за шолји. Користење на детергент Користете само детергенти (во прав, течни или во таблети), кои се наменети за машина за миење садови. Почитувајте ги податоците на амбалажата: • дозирањето, кое го препорачува производителот.
Функцијата Multitab 3. Ако користите програма за миење садови со предмиење, ставете повеќе детергент во преградата за детергент за предмиење ( B). 17 A B 4. Ако користите детергентски таблети, ставете ја таблетата во дозерот за детергент ( A). 5. Затворете го капакот на дозерот за детергент. Притиснете го капакот додека не се заглави. Различните марки детергент се раствораат за различно време. Некои детергенти во таблети не даваат најдобри резултати на миење за време на кусите програми.
Функцијата Multitab Програмата може да трае подолго ако ја користите функцијата Multitab. Активирајте ја или деактивирајте ја функцијата Multitab пред да почнете програма за миење. Не може да ја активирате или деактивирате функцијата Multitab додека трае некоја програма. Откажете ја програмата за миење, а потоа повторно поставете ја. Активирање на функцијата Multitab: • Притиснете го копчето Multitab. Показното светло за Multitab се пали.
Програми за миење садови 19 Програми за миење садови Програми за перење Програма Степен на валканост Вид прибор Опис на програмата INTENSIVE Многу валкани Чинии, прибор за јадење, тенџериња и тави Претперење Главно миење до 70°C 2 меѓуплакнења Завршно плакнење Сушење AUTOMATIC Секакви Чинии, прибор за јадење, тенџериња и тави Претперење Главно миење до 45°C или 70°C 1 или 2 меѓуплакнења Завршно плакнење Сушење 30 MIN2) Нормална или мала извалканос т Чинии и прибор за јадење Главно миење до
Одбирање и почнување програма за миење Одбирање и почнување програма за миење Поставете ја програмата за миење со подотворена врата. Поставената програма почнува само откако ќе ја затворите вратата. Дотогаш може да се менуваат поставките. Направете го следново за да поставите и почнете програма за миење садови. 1. Вклучете го апаратот. 2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување. 3. Притиснете едно од програмските копчиња. Видете во поглавјето "Програми за миење садови".
Одбирање и почнување програма за миење 21 Избирање и стартување на програма за миење со одложен старт 1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. 2. Одберете програма за миење. 3. Притискајте го копчето за одложен старт сè додека на екранот не се прикаже потребното време за одложување на програмата за миење. – На екранот е прикажано преостанатото време до стартот на програмата за миење. 4. Затворете ја вратата. – Бројот на екранчето се пали и свети постојано.
Нега и чистење • Може да има вода од страните и на вратата на апаратот. Не'рѓосувачкиот челик се лади побрзо од садовите. Нега и чистење ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да чистите кој било негов дел, ставете го уредот во положба OFF (исклучено). Чистење на филтрите ВНИМАНИЕ Не користете го уредот без филтри. Проверете дали филтрите се правилно монтирани. Погрешната монтажа ќе предизвика лоши резултати на миење и оштетување на уредот. Ако е неопходно, исчистете ги филтрите.
Што да сторите ако... 23 7. Извадете го рамниот филтер од дното на апаратот. 8. Измијте ги сите филтри под млаз вода. 9. Вратете го рамниот филтер во дното на апаратот. Правилно вметнете го рамниот филтер под двете водилки (С). 10. Ставете го грубиот Филтер (А) во микрофилтерот (В) и спојте ги со притискање. 11. Ставете го системот за филтрирање на место. 12. За да го заклучите системот за филтрирање, завртете ја рачката на микрофилтерот (В) за околу 1/4 надесно додека не се закочи. 13.
Што да сторите ако... ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот пред да ги вршите долу предложените постапки за решавање на проблемите. Шифри за дефекти и неправилно функционирање Можни причини и решение • дигиталното екранче покажува Машината за миење садови не се полни со вода • Славината е блокирана или затната од бигор. Исчистете ја славината. • Славината за вода е затворена. Отворете ја славината. • Филтерот во доводното црево е затнат. Исчистете го филтерот. • Поврзувањето на доводното црево е неправилно.
Технички податоци 25 Запишете ги неопходните податоци тука: Опис на моделот : .......... Број на производот : .......... Сериски број : .......... Миењето не е задоволително Садовите не се чисти • Одбраната програма за миење не одговара за садовите и извалканоста. • Корпите се наполнети неправилно, па водата не може да допре до сите површини. • Прскалките не се вртат слободно поради неправилен распоред на садовите. • Филтрите се валкани или неправилно наместени.
Монтажа Упатства за монтирање Монтажа Местење под работна површина ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте приклучникот за струја да е изваден од штекерот за време на местењето. Ставете го апаратот до славина и одвод за вода. Извадете ја работната површина на апаратот за да го наместите под лавабо или под кујнска работна површина. Внимавајте димензиите на отворот да одговараат на дадените димензии. Направете го следново за да ја извадите работната површина на апаратот. 1. Извадете ги задните шрафови (1). 2.
Поврзување на водата 27 Наместете го апаратот под кујнската работна површина. Внимавајте цревата за вода да не се извиткани или заплеткани. Ако е потребно сервисирање, апаратот мора да е лесно достапен за техничарот. Вратете ја работната површина на апаратот ако сакате да ја користите машината за садови како самостоен апарат. Столбната плоча на самостојниот апарат не се прилагодува. Нивелирање на апаратот Внимавајте апаратот да е нивелиран за да може вратата да се затвора добро.
Поврзување на водата • Доводното црево со безбедносен вентил може да го заменува само сервисен центар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен напон Одводно црево max 400 cm 1. Поврзете го одводното црево со одвод за вода под лавабо и закачете го под работната површина. Тоа ќе спречи влегување на отпадната вода од лавабото во апаратот. 2. Поврзете го одводното црево со исправена цевка со дупка за вентилација (минимален внатрешен пречник од 4 см).
Поврзување на струјата 29 ВНИМАНИЕ Проверете дали споевите се стегнати за да не истекува вода. Поврзување на струјата ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Производителот не одговара ако не ги следите овие безбедносни мерки. Вземјете го апаратот според безбедносните мерки. Внимавајте номиналниот напон и видот струја на плочката со спецификации да одговараат со напонот и видот струја на локалната мрежа. Секогаш користете правилно инсталиран штекер обезбеден од струјни удари.
156952530-00-122009 www.electrolux.